Sony Xperia L - Преземање од Google Play™‎

background image

Преземање од Google Play™

Може да преземате секакви видови апликации од Google Play™, вклучувајќи бесплатни апликации.

Пред да преземате апликации

Пред да започнете со преземање од Android Market™, проверете дали имате функционална

интернет конекција.
Исто така, имајте на ум дека може да направите трошоци за сообраќај на податоци кога преземате

содржина во уредот. Контактирајте со Вашиот оператор за повеќе информации.

Преземање бесплатни апликации

1

Во Google Play™, најдете објект што сакате да го преземете преку пребарување категории

или преку користење на функцијата за пребарување.

2

Допрете го објектот за да ги видите неговите детали и следете ги инструкциите за да ја

завршите инсталацијата.

Преземање платени апликации

1

Во Google Play™, најдете објект што сакате да го преземете преку пребарување категории

или преку користење на функцијата за пребарување.

2

Допрете го објектот за да ги видите неговите детали и следете ги инструкциите за да ја

завршите набавката.