Sony Xperia L - Управување со повици

background image

Управување со повици

Можете да упатите повик со рачно бирање телефонски број, со допирање број што е зачуван во

контакт листата на уредот или со допирање на бројот во приказот на дневникот на повици. Можете

да ја користите и функцијата за паметно бирање, за брзо пронаоѓање на броевите во списокот со

контакти и во дневникот на повици.
Кога упатувате повик, главниот микрофон на уредот работи заедно со вториот микрофон за да ги

потисне бучавата и позадинските звуци.

Не покривајте го вториот микрофон додека упатувате повик.

Упатување повици со бирање

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Телефон.

3

Внесете го бројот на примачот и допрете Повикај. За да избришете број, допрете .

За да остварите повик со Паметно бирање

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете го Телефон.

3

Користете ја тастатурата за да внесете букви или бројки коишто одговараат на контактот

којшто сакате да го повикате. Како што ги внесувате буквите или бројките, се појавува

листа на можни совпаѓања.

4

Допрете го контактот што сакате да го повикате.

За да се заврши повик

Потчукнете .

Упатување меѓународни повици

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Телефон.

3

Допрете и држете 0 додека не се појави знакот „+“.

4

Внесете го кодот на државата, кодот за областа (без почетната 0) и телефонскиот број,

потоа допрете Повикај.

39

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За да се одговори на повик

Влечете го надесно, преку екранот.

Одбивање повик

Влечете на лево преку екранот.

За да се одбие втор повик

Кога ќе слушнете повторливи бипови во текот на повик, потчукнете .

Менување на јачината на звукот на слушалка за уво во текот на повик

Притиснете го копчето за јачина на звук нагоре или надолу.

Вклучување на звучникот за време на повик

Потчукнете .

За да се исклучи звукот на микрофонот во текот на повик

Потчукнете .

За да го активирате екранот за време на повик

Притиснете кратко на .

За да внесете броеви за време на повик

1

За време на повикот, допрете на . Се појавува тастатура.

2

Допрете ги броевите што сакате да ги внесете.

За да се исклучи звукот на тонот на ѕвонење за дојдовен повик

Кога примате повик притиснете го копчето за јачина на звукот.

Неодамнешни повици

Во дневникот nа повици, можете да ги видите пропуштените , примените и бираните

повици.

Прегледување на пропуштените повици

1

Кога имате пропуштен повик, се појавува на лентата за статус. Повлечете ја лентата за

статус надолу.

2

Допрете Пропуштен повик.

Повикување број од дневникот на повици

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Телефон.Приказот на дневникот на повици се појавува на горниот

дел од екранот.

3

За да повикате број директно, допрете го бројот. За да уредите број пред да го повикате,

допрете го и задржете го, а потоа допрете Уреди го бројот пред повикот.

Можете да повикате број и со допирање > Повратен повик.

Додавање број од дневникот на повици во контактите

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Телефон.Приказот на дневникот на повици се појавува на горниот

дел од екранот.

3

Допрете и задржете го бројот, потоа допрете Додај во контакти.

4

Допрете го саканиот контакт или допрете Креирај нов контакт.

5

Уредете ги деталите за контактот и допрете Готово.

40

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.