За синхронизирање податоци на уредот
Можете да синхронизирате контакти, е-пошта, календарски настани и други информации со уредот
од повеќе сметки за е-пошта, услуги за синхронизација и други видови сметки, во зависност од
апликациите што се инсталирани во уредот. Синхронизирањето на уредот со други извори на
информации е лесен и практичен начин да се остане во тек. Може да синхронизирате податоци
автоматски со активирање на функцијата за автоматско синхронизирање.