Ресетирање на уредот
Можете да го ресетирате својот уред на неговите почетни поставки, со или без бришење на сите
ваши лични податоци. Пред да направите ресетирање, проверете дали имате направено резервни
копии од сите важни податоци што ги имате зачувано во уредот.
Ресетирање до фабрички поставки
За да избегнете трајно оштетување на уредот, не рестартирајте го додека трае
постапката на ресетирање.
1
Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете ја опцијата .
2
Најдете и допрете ги опциите Резервна копија и ресетирање > Ресетирање на
фабрич. податоци.
3
Ако сакате да избришете и други податоци за корисникот, како што се слики и музика,
обележете го изборното поле Избриши ја внатреш. меморија.
4
Допрете ја опцијата Ресетирај го телефонот.
5
За потврда, допрете ја опцијата Избриши сѐ.