Пронаоѓање на уредот
Постојат неколку начини да си го најдете и заштитите уредот, ако некогаш го загубите. Со помош
на услугата „my Xperia“, можете:
•
да го барате уредот на карта,
•
огласите аларм, дури и кога уредот е во бесшумен режим,
•
од далеку да го заклучите уредот и да ги прикажете на него вашите податоци за контакт,
•
како последна опција, од далеку да ги избришете внатрешната и надворешната меморија.
Пред да ја користите услугата „my Xperia“, прво мора да ја активирате на уредот. Откако ќе ја
активирате услугата, само треба да појдете на myxperia.sonymobile.com и да се пријавите со
помош на истата сметка за Google™ којашто сте ја поставиле на уредот.
Услугата „my Xperia“ може да не е достапна во сите земји/региони.
Активирање на услугата „my Xperia“
1
Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете ја опцијата .
2
Допрете ги Xperia™ > MyXperia™ > Активирај.
3
Обележете го изборното поле, па допрете ја опцијата Прифати.