Sony Xperia L - Smart Connect

background image

Smart Connect

Користете ја апликацијата Smart Connect за да видите што се случува кога на уредот ќе

приклучите или откачите некој додаток. Апликацијата Smart Connect можете да ја користите и за

да поставите лансирање на едно или група дејства на уредот во одредени времиња на денот.
На пример, кога ќе ја приклучите слушалката, може да креирате настан, така што на уредот ќе се

лансираат следните дејства:

Помеѓу 7:00 и 9:00, кога се подготвувате за работа, се вклучува апликацијата „WALKMAN“, а веб-

пребарувачот го отвара утринскиот весник. Јачината на ѕвонење е поставена на вибрирање.

Кога се враќате од работа, се вклучува FM радио и се отвора апликацијата белешки, со списокот

за пазарење.

Стартување на апликацијата Smart Connection

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете го Smart Connect.

Креирање настан за Smart Connect

1

Стартувајте ја апликацијата Smart Connection. Ако го отворате Smart Connect за првпат,

допрете ја опцијата OK за да го затворите воведниот екран.

2

На картичката Настани, допрете ја опцијата .

3

Дајте му име на настанот, па допрете ја опцијата Создади.

4

Под Кога, додадете или некој додаток или временски интервал или пак двете.

5

Под Направи го ова, додадете што сакате да се случува во уредот.

6

Под На крајот, додадете што сакате да се случува кога ќе го исклучите додатокот или

кога ќе истече временскиот интервал. Ако се поставени двата услова, акцијата ќе започне

или кога ќе го исклучите додатокот или кога ќе истече временскиот интервал.

7

Притиснете го за да го зачувате настанот.

За да додадете Bluetooth® додаток, прво ќе треба да го спарите со вашиот уред.

103

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Уредување на настан Smart Connect

1

Вклучете ја апликацијата Smart Connection

2

На картичката Настани, допрете настан.

3

Доколку настанот е исклучен, влечете го лизгачот кон десно.

4

Приспособете ти поставките според потребите.

5

За да го зачувате настанот, допрете .

За бришење на неправилен внес, допрете и задржете го внесот, потоа допрете >
Избриши настан и допрете Избриши за да потврдите.

Управување со уреди

Користете ја апликацијата Smart Connect за управување со опсег на паметни додатоци што може

да ги поврзувате со уредот, вклучувајќи SmartTags, SmartWatch и Smart Wireless Headset pro од

Sony. Smart Connect ги презема сите потребни апликации и наоѓа апликации од трети страни кога

се достапни. Претходно поврзаните уреди се прикажуваат во список што ви дозволува да

добивате повеќе информации за карактеристиките на секој уред.

Спарување и поврзување додатоци

1

Вклучете ја апликацијата Smart Connection Доколку првпат ја отворате Smart Connect,

допрете OK за да го затворите воведниот екран.

2

Допрете Уреди, потоа допрете .

3

Допрете OK за да започнете со пребарување уреди.

4

На листата со резултати од пребарувањето, допрете на името од уредот што сакате да го

додадете.

Прилагодување на поставките за поврзаниот додаток

1

Спарете го и поврзете го додатокот со уредот.

2

Вклучете ја апликацијата Smart Connection

3

Допрете Уреди, потоа допрете го името на поврзаниот додаток.

4

Прилагодете ги саканите поставки.

104

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.