Користење на поставки за мирна камера
Прилагодување на поставките на фотоапаратот
1
Активирајте ја камерата.
2
За да се прикажат сите поставки, допрете го .
3
Одберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, па уредете ја како што сакате.
Прилагодување на паното за поставките на фотоапаратот
1
Кога камерата е отворена, допрете го за да се прикажат сите поставки.
2
Допрете ја и задржете ја поставката што сакате да ја преместите и влечете ја кон
посакуваното место.
Ако вие ја влечете поставката надвор од паното за поставки, промената се откажува.
Преглед на поставките за фотоапаратот
Нормално
Рачно прилагодување на поставките за камерата.
Бурст
Користете го режимот на рафално сликање за да сликате брзо повеќе фотографии едноподруго, така што ќе го
држите притиснато копчето на фотографирање. Имате на располагање три брзини на рафал коишто имаат
различни нивоа на резолуција, односно, различна големина на сликата.
Предна камера
Користете ја предната камера за да направите фотографии со авто-портрет.
Ефект на слика
Применувајте ефекти на фотографиите.
Одбирање сцена
Користете однапред програмиран тип на сцена за брзо да ја прилагодите камерата за вообичаени ситуации.
Препознавање сцена
Камерата определува која сцена е најприкладна. Кога ќе одберете сцена се појавуваат икона за сцена и текст.
70
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Проширена панорама
Применете ја оваа поставка за да правите широкоаголни, панорамски фотографии. Само притиснете го копчето
за камера и мирно движете ја камерата од една на друга страна.
Резолуција
Пред да фотографирате, одберете помеѓу неколку големини и размери на фотографијата.
Фотографија со повисока резолуција бара повеќе меморија.
3264×2448(4:3)
8 мегапиксели големина на слика со размер 4:3. Прикладно за фотографии што сакате да ги прикажете на екрани
без широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.
3104×1746(16:9)
5 мегапиксели големина на слика со размер 4:3. Прикладно за фотографии што сакате да ги прикажете на екрани
без широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.
1632×1224(4:3)
2 мегапиксели големина на слика со размер 4:3. Прикладно за фотографии што сакате да ги прикажете на екрани
без широк приказ.
1920×1080(16:9)
2 мегапиксели големина на слика со размер 16:9. Прикладно за фотографии што сакате да ги прикажете на екрани
со широк приказ.
640×480(4:3)
Формат VGA со размер 4:3.
Блиц
Користете блиц за да фотографирате кога осветлувањето е слабо или кога постои заднинско
осветлување.
Автоматски
Камерата автоматски одредува дали осветлувањето бара користење на блиц.
Вклучен блиц
Користете ја оваа поставка кога позадината е посветла од субјектот. Ова ги отстранува несаканите темни сенки.
Исклучено
Блицот е исклучен. Понекогаш квалитетот на фотографијата може да биде подобар без блиц, дури и ако
осветлувањето е слабо. Правењето добра фотографија без да се користи блицот бара мирна рака. Користете
автотајмер за да избегнете замаглени фотографии.
Нам. на ефек. црвени очи
Ја намалува црвената боја на очите при фотографирање.
Автотајмер
Со автотајмерот можете да фотографирате без да го држите уредот. Користете ја оваа функција
за да правите авто-портрети или групни фотографии каде сите може да бидат на фотографијата.
Можете исто така да го користите автотајмерот за да избегнете тресење на камерата кога правите
фотографии.
Вклучено (10 секунди)
Поставете одложување од 10 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот на
фотографирање.
Вклучено (2 секунди)
Поставете одложување од 2 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот на
фотографирање.
Исклучено
Фотографијата се прави веднаш штом ќе го допрете екранот на камерата.
Smile Shutter™
Пред да фотографирате, употребете ја функцијата „smile shutter“ (сликање насмевка) за да
одредите на каков вид насмевка реагира камерата.
71
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Брзина на рафал
Користете го режимот на рафално сликање повеќе фотографии едноподруго, додека го држите
притиснато копчето на фотографирање. Имате на располагање три брзини на рафал коишто
имаат различни нивоа на резолуција, односно, различна големина на сликата.
Брзо стартување
Користете ги поставките за Брзо стартување на камерата од заклучениот екран. Ако уредот е во
режим на мирување на камерата, притиснете го копчето за камерата.
Стартувај и сликај
Со притискање и држење на копчето за камерата, првата фотографија се прави веднаш по активирање на
камерата од режимот на мирување.
Само стартувај (фотоапарат)
Со притискање и држење на копчето за камерата, фотоапаратот се активира од режимот на мирување.
Стартувај и снимај видео
Со притискање и држење на копчето за камерата, првото видео се снима веднаш по активирање на видеокамерата
од режимот на мирување.
Само стартувај (видео камера)
Со притискање и држење на копчето за камерата, видеокамерата се активира од режимот на мирување.
Исклучено
Режим на фокусирање
Функцијата на фокусирање контролира кој дел од фотографијата треба да биде остар. Кога е
вклучен континуираниот автоматски фокус, камерата продолжува да го прилагодува фокусот па
така областа во жолтата рамка на фокусот останува остра.
Поединечен автоматски фокус
Камерата автоматски се фокусира на одбраниот предмет. Вклучен е континуираниот автоматски фокус. Допрете и
држете го екранот на камерата, жолтата рамка на фокусот не стане сина, што означува дека фокусирањето е
поставено. Фотографијата се прави кога ќе го ослободите прстот.
Препознавање на лице
Камерата автоматски открива до пет човечки лица, означени со рамки на екранот. Камерата автоматски се
фокусира на најблиското лице. Можете и да одберете кое лице да се фокусира со негово допирање на екранот.
Кога ќе го допрете екранот на камерата, сината рамка покажува кое лице е одбрано и е во фокусот.
Препознавањето лица не може да се користи за сите типови на сцени. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.
Фокус при допир
Допрете одредена област на екранот од камерата за да ја поставите областа на фокусот. Исклучен е
континуираниот автоматски фокус. Допрете и држете го екранот на камерата, жолтата рамка на фокусот не стане
сина, што означува дека фокусирањето е поставено. Фотографијата се прави кога ќе го ослободите прстот.
Оваа поставка е достапна само во режимот на сликање Нормално.
Вредност на експозиција
Одредете го количеството на светлина на фотографијата што сакате да ја направите. Поголемата вредност укажува
на зголемено количество на светлина.
Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Нормално.
HDR
Користете ја поставката HDR (High Dynamic Range) фотографирање при силно заднинско светло
или во услови на остар контраст. HDR компензира за загубата на детали и произведува слика
којашто добро ги претставува и темните и светлите подрачја.
Оваа поставка е достапна само во режимот на сликање Нормално.
Баланс на бела боја
Поставката на балансот на бела боја го прилагодува балансот на бои според осветлувањето.
72
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Автоматски
Го прилагодува балансот на бои автоматски според осветлувањето.
Усвитеност
Прилагодете го балансот на бои за топло осветлување, како под светилки.
Флуоресцентна
Го прилагодува балансот на бои за флуоресцентно осветлување.
Дневна светлина
Го прилагодува балансот на бои на сончеви надворешни услови.
Облачно
Го прилагодува балансот на бои за облачно време.
Оваа поставка е достапна само во режимот на сликање Нормално.
ISO
Заматувањето на сликата предизвикано од темни услови или од движење на предметите може да
се намали со зголемување на ISO чувствителноста.
Автоматски
Автоматски ја поставува ISO чувствителноста.
100
Ја поставува ISO чувствителноста на 100.
200
Ја поставува ISO чувствителноста на 200.
400
Ја поставува ISO чувствителноста на 400.
800
Ја поставува ISO чувствителноста на 800.
Оваа поставка е достапна само во режимот на сликање Нормално.
Премерување
Оваа функција автоматски одредува добро балансирана експозиција преку мерење на количината
на светлина што паѓа на сликата која сакате да ја направите.
Средно
Ја прилагодува експозицијата кон центарот на сликата.
Просечно
Ја пресметува експозицијата според количината на светлина што паѓа на целата слика.
Точка
Ја прилагодува експозицијата во многу мал дел од сликате што сакате да ја направите.
Оваа поставка е достапна само во режимот на сликање Нормално.
Стабилизатор на слика
При фотографирање, може да биде тешко да го држите уредот мирно. Стабилизаторот помага
преку компензирање за малите движења на раката.
Гео-означување
Означете фотографии со детали каде сте ги направиле.
Вклучено
Кога гео-означувањето е вклучено, при фотографирање на фотографиите им се додава приближната географска
локација. За да користите гео-означување, мора да ги вклучите функциите за локација од менито Поставки. За да
се додадат гео-ознаки на фотографија, мора да се одреди локацијата пред да се направи фотографијата.
Локацијата е одредена кога на екранот на камерата ќе се појави . Кога уредот ја пребарува вашата позиција, се
појавува .
73
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Исклучено
Кога гео-означувањето е исклучено, не можете да ја прегледате локацијата каде што сте фотографирале.
Снимање со допир
Идентификувајте одредена област за фокусирање со допирање на екранот на камерата со прстот.
Фотографијата се прави штом ќе го тргнете прстот. Оваа поставка е достапна само кога режимот
на фокусирање е поставен на фокусирање на допир.
Вклучено
Исклучено
Звук при фотографирање
Одберете дали да го вклучите или исклучите звукот при притискање на копчето за снимање видео
клип.
Меморија
Може да одберете да ги чувате своите податоци или на SD-картичка што може да се отстранува,
односно на внатрешната меморија на уредот.
Внатрешна меморија
Фотографиите или видеата се чуваат во меморијата на уредот.
SD-картичка
Фотографиите или видеата се чуваат на SD-картичката.