Користење на видео камерата
Снимање видеа користејќи го копчето за камерата
1
Активирајте ја камерата.
2
За да вклучите снимање видео, притиснете го копчето за камерата.
3
За да го прекинете снимањето, повторно притиснете го копчето за камерата.
За најдобри резултати снимајте видеа во хоризонтална ориентација.
Снимање видеа со допирање на екранот
1
Активирајте ја камерата.
2
Насочете ја камерата кон предметот.
3
Допрете го за да почнете со снимање.
4
Допрете го за да го стопирате снимањето.
За најдобри резултати снимајте видеа во хоризонтална ориентација.
Репродуцирање снимени видеа
1
Активирајте ја камерата.
2
Допрете ги малите слики горе десно на екранот.
3
Потчукнете во десно за да ги пребарувате сите датотеки со фотографии и видеа. Видеата
се идентификуваат со .
4
Допрете за да се репродуцира видео.
5
За да ја стопирате репродукцијата на видеото, допрете ги или .
Бришење снимени видеа
1
Пребарајте до видеото што сакате да го избришете.
2
Допрете празно место на екранот за да се појави .
3
Допрете го .
4
Допрете ОК за потврда.
74
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Користење на поставките на видео камерата
Прилагодување на поставките на видео камерата
1
Активирајте ја камерата.
2
Допрете една од иконите за поставки на екранот.
3
За да се прикажат сите поставки, допрете го .
4
Одберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, па направете ги промените.
Прилагодување на паното за поставките на видеокамерата
1
Кога видеокамерата е отворена, допрете го за да се прикажат сите поставки.
2
Допрете ја и држете ја поставката што сакате да ја преместите, па повлечете ја кон
саканото место.
Ако вие ја влечете поставката надвор од паното за поставки, промената се откажува.
Преглед на поставките за видеокамерата
Сцени
Функцијата Сцени ви помага брзо да ја поставите камерата за вообичаени ситуации користејќи
претходно програмирани сцени. Камерата го одредува бројот на поставките за вас да одговараат
на избраната сцена, обезбедувајќи најдобро можно видео.
Исклучено
Функцијата за Сцени е исклучена и можете мануелно да снимате фотографии.
Фотографирање предмети
Користете ја за снимање видеа наспроти меки позадини.
Пејзаж
Користете за видеа во пејзаж. Камерата се фокусира на далечни објекти.
Ноќ
Кога е вклучено, чувствителноста на светло е зголемена. Користете во слабо осветлени околини. Видеата на
објекти кои се движат брзо може да станат замаглени. Држете ја мирно својата рака или користете статив.
Исклучете го ноќниот режим кога светлосните услови се добри, за да го подобрите квалитетот на видеото.
Плажа и снег
Користете во светли средини за да избегнете недоволно експонирани видеа.
Спортови
Користете за видеа на објекти кои брзо се движат. Краткото време на експозиција го минимизира замаглувањето
предизвикано од движење.
Забава
Користете за видеа во внатрешен простор со слабо осветлување. Оваа сцена го користи осветлувањето од
позадината или од свеќа. Видеата на објекти кои се движат брзо може да станат замаглени. Држете ја мирно
својата рака или користете статив.
Резолуција на видеото
Прилагодете ја резолуцијата на видеото за различни формати.
1280×720(16:9)
HD (High Definition) формат со размер 16:9. 1280×720 пиксели.
864×480(9:5)
Формат FWVGA со размер 9:5.
640×480(4:3)
Формат VGA со размер 4:3.
320×240(4:3)
Формат QVGA со размер 4:3.
176×144(11:9)
75
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Користете го овој формат за снимање видеа коишто можете да ги испраќате на пријателите преку MMS.
Времето на снимање за овој формат е ограничено, така што видео датотеките ќе одговараат за
мултимедијална порака.
Блиц
Користете го светлото за да снимате видеа при лошо осветлување или кога има слабо заднинско
осветлување.
Вклучено
Исклучено
Понекогаш квалитетот на видеото може да биде подобар без светло, дури и во услови на слабо осветлување.
Автоматски тајмер
Со автоматскиот тајмер можете да снимате видео без да го држите уредот. Користете го да
снимате групни видеа каде сите можат да бидат снимени. Можете да го користите автотајмерот и
за да избегнете тресење на камерата при снимање видеа.
Вклучено (10 секунди)
Поставете одложување од 10 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот кога
видеото почнува да се снима.
Вклучено (2 секунди)
Поставете одложување од 2 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот кога
видеото почнува да се снима.
Исклучено
Видеото почнува да се снима веднаш штом го допрете екранот на камерата.
Брзо стартување
Користете ги поставките за Брзо стартување на камерата од заклучениот екран. Ако уредот е во
режим на мирување на камерата, притиснете го копчето за камерата.
Стартувај и сликај
Со притискање и држење на копчето за камерата, првата фотографија се прави веднаш по активирање на
камерата од режимот на мирување.
Само стартувај (фотоапарат)
Со притискање и држење на копчето за камерата, фотоапаратот се активира од режимот на мирување.
Стартувај и снимај видео
Со притискање и држење на копчето за камерата, првото видео се снима веднаш по активирање на видеокамерата
од режимот на мирување.
Само стартувај (видео камера)
Со притискање и држење на копчето за камерата, видеокамерата се активира од режимот на мирување.
Исклучено
Режим на фокусирање
Поставката на фокусирањето контролира кој дел од видеото треба да биде остар. Кога е вклучен
континуираниот автоматски фокус, камерата продолжува да го прилагодува фокусот па така
областа во белата рамка на фокусот останува остра.
Поединечен автоматски фокус
Камерата автоматски се фокусира на одбраниот предмет. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.
Препознавање на лице
Камерата автоматски открива до пет човечки лица, означени со рамки на екранот. Камерата автоматски се
фокусира на најблиското лице. Можете и да одберете кое лице да се фокусира со негово допирање на екранот.
Кога ќе го допрете екранот на камерата, зелената рамка покажува кое лице е одбрано и е во фокусот.
Препознавањето лица не може да се користи за сите типови на сцени. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.
76
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Вредност на експозиција
Оваа поставка ви овозможува да го одредите количество на светлина во сликата што ја снимате. Поголемата
вредност укажува на зголемено количество на светлина.
Баланс на бела боја
Поставката на балансот на бела боја го прилагодува балансот на бои според осветлувањето.
Автоматски
Прилагодете го балансот на бои автоматски според осветлувањето.
Усвитеност
Прилагодете го балансот на бои за топло осветлување, како под светилки.
Флуоресцентна
Прилагодете го балансот на бои за флуоресцентно осветлување.
Дневна светлина
Прилагодете го балансот на бои на сончеви надворешни услови.
Облачно
Прилагодете го балансот на бои за облачно време.
Премерување
Оваа функција автоматски одредува добро балансирана експозиција преку мерење на количината
на светлина којашто паѓа на сликата што сакате да ја направите.
Средно
Прилагодете ја експозицијата кон центарот на сликата.
Просечно
Пресметајте ја експозицијата според количината на светлина што паѓа на целата слика.
Точка
Ја прилагодува експозицијата во многу мал дел од сликате што сакате да ја направите.
Стабилизатор на слика
Кога снимате видео, може да биде тешко да го држите уредот мирно. Стабилизаторот помага
преку компензирање за малите движења на раката.
Гео-означување
Означете фотографии со детали каде сте ги направиле.
Вклучено
Кога гео-означувањето е вклучено, при фотографирање на фотографиите им се додава приближната географска
локација. За да користите гео-означување, мора да ги вклучите функциите за локација од менито Поставки. За да
се додадат гео-ознаки на фотографија, мора да се одреди локацијата пред да се направи фотографијата.
Локацијата е одредена кога на екранот на камерата ќе се појави . Кога уредот ја пребарува вашата позиција, се
појавува .
Исклучено
Кога гео-означувањето е исклучено, не можете да ја прегледате локацијата каде што сте фотографирале.
Микрофон
Одберете дали да се слуша звукот од околината кога снимате видеа.
Снимање со допир
Идентификувајте одредена област за фокусирање со допирање на екранот на камерата со прстот.
Фотографијата се прави штом ќе го тргнете прстот. Оваа поставка е достапна само кога режимот
на фокусирање е поставен на фокусирање на допир.
Вклучено
Исклучено
77
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Звук при фотографирање
Одберете дали да го вклучите или исклучите звукот при притискање на копчето за снимање видео
клип.
Меморија
Може да одберете да ги чувате своите податоци или на SD-картичка што може да се отстранува,
односно на внатрешната меморија на уредот.
Внатрешна меморија
Фотографиите или видеата се чуваат во меморијата на уредот.
SD-картичка
Фотографиите или видеата се чуваат на SD-картичката.
78
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.