Што е Android™?
Вашиот паметен телефон Xperia од Sony работи на платформа Android. Телефоните Android може
да изведуваат многу од функциите на компјутерот, а можете и да ги приспособите на своите
потреби. На пример, можете да додавате и бришете апликации или да ги ажурирате постоечките
за да ја подобрите функционалноста. На Google Play™ можете да преземате бројни апликации и
игри од колекција што постојано се зголемува. Апликациите на Android™ телефонот можете да ги
интегрирате и со другите апликации и онлајн сметки што ги користите. На пример, можете да
направите резервна копија на своите телефонски контакти, од едно место да пристапувате на
различни сметки за е-пошта и календари, да ги забележувате своите состаноци и да се вклучувате
во социјални мрежи.
Телефоните Android™ постојано еволуираат. Кога е достапна нова верзија на софтверот и
телефонот го поддржува новиот софтвер, можете да го ажурирате телефонот да добиете нови
функции и најнови подобрувања.
Телефон Android™ е со претходно внесени услуги на Google™. За да го добиете
максимумот од обезбедените услуги на Google™, треба да имате сметка на Google™ и
да се пријавите на истата при првото вклучување на телефонот. Треба да имате и
Интернет-пристап за да користите многу од функциите на Android™.
Новите изданија на софтверот може да не се компатибилни со сите телефони.