Вклучување и исклучување на уредот
За да го вклучите уредот
1
Притиснете го и држете го притиснато копчето за вклучување додека уредот не почне да
вибрира.
2
Ако екранот се затемни, кратко притиснете го копчето за вклучување за да го активирате
екранот.
3
Внесете ја лозинката од SIM-картичката кога ќе ви биде побарано, а потоа допрете на
.
4
Ако екранот езаклучен, ставете прст на екранот и поминете со прстот нагоре или надолу за
да го отклучите.
5
Почекајте додека уредот не започне со работа.
Лозинката на SIM-картичката најпрво ќе ви ја обезбеди мрежниот оператор, но подоцна
може да ја промените од менито Settings (Поставки). За да ја исправите грешката
направена при внесување на лозинката од SIM-картичката, допрете на
.
Исклучување на уредот
1
Притиснете и задржете го копчето за вклучување додека не се отвори менито со опции.
2
Во менито со опции, допрете го Исклучување.
3
Допрете го OK.
Може да помине одредено време додека да се исклучи уредот.