Sony Xperia L - Пристап и користење на апликациите

background image

Пристап и користење на апликациите

Отворете ги апликациите од кратенките на вашиот Почетен екран или од екранот на

апликацијата.

Екран на апликацијата

Екранот со апликации, којшто го отворате од вашиот Почетен екран, ги содржи апликациите

што доаѓаат инсталирани со уредот како и апликациите што ги преземате.
Екранот на апликацијата ја надминува ширината на постојаниот екран, така што треба да

потчукнувате кон лево и десно за да ја видите сета содржина.

Да го отворите екранот на апликацијата

Од вашиот Почетен екран, допрете .

За да пребарувате низ Екранот со апликации

Од Екранот со апликации, потчукнете десно или лево.

Отворање на менито за екранот со апликации

Кога ќе го отворите екранот со апликации, повлечете го надесно левиот раб од екранот.

20

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Да креирате кратенка до апликација на почетниот екран

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Држете ја допрена апликацијата сè додека уредот не почне да вибрира, а потоа повлечете

ја апликацијата до врвот на екранот. Се отвора Почетен екран.

3

Влечете ја иконата до саканата локација на Почетен екран, па тргнете го прстот.

Отворање и затворање на апликации

Да отворите апликација

Од вашиот Почетен екран или од екранот на апликацијата, потчукнете ја апликацијата.

Да затворите апликација

Притиснете го .

Некои апликации се паузирани кога ќе притиснете за да излезете, додека други
апликации може да продолжат да работат во позадина. Во првиот случај, следниот пат
кога ќе ја отворите апликацијата, може да продолжите таму каде што сте застанале.
Запомнете дека некои апликации може да направат трошоци за пренос на податоци кога
работат во позадина, на пример, социјалните мрежи.

Прозорец со неодамна користени апликации

Од овој прозорец можете да ги видите и да пристапите до неодамна користените апликации.

За да се отвори прозорец со неодамна користените апликации

Притиснете го

.

Користење мали апликации

Од прозорецот за последни користени апликации можете во секое време преку лентата за мали

апликации брзо да пристапите во неколку мали апликации. Мала апликација зафаќа само мал дел

од екранот. Така што ќе можете на истиот екран истовремено да користите мала апликација и

некоја друга апликација.

Отворање на лентата за мали апликации

Притиснете го

.

Отворање мала апликација

1

За да се појави лентата за мали апликации, притиснете

.

2

Допрете ја малата апликација што сакате да ја отворите.

Може да отворите повеќе мали апликации истовремено.

Затворање на мала апликација

Допрете го во прозорецот за мали апликации.

Преместување мала апликација

Кога малата апликација е отворена, држете го допрен горниот лев агол на малата

апликација, па преместете ја на саканата локација.

Минимизирање мала апликација

Кога малата апликација е отворена, држете го допрен горниот лев агол на малата

апликација, па влечете го до десниот или до долниот раб на екранот.

Преуредување на малите апликации во лентата за мали апликации

Допрете ја и држете ја малата апликација и повлечете ја до саканата положба.

Отстранување на малите апликации од лентата за мали апликации

Допрете ја и држете ја малата апликација, а потоа повлечете ја надвор од лентата за мали

апликации.

21

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Враќање назад на претходно отстранета мала апликација

1

Отворете ја лентата за мали апликации, потоа допрете

.

2

Допрете ја и задржете ја малата апликација што сакате да ја вратите назад, па повлечете

ја до лентата за мали апликации.

Преземање мала апликација

1

Од лентата за мали апликации, допрете

, потоа допрете и допрете .

2

Пребарајте ја малата апликација што сакате да се преземе, а потоа следете ги

инструкциите за преземање и завршување на инсталацијата.

Додавање елемент како мала апликација

1

За да се појави лентата за мали апликации, притиснете го

.

2

Допрете ги опциите

> > .

3

Одберете додаток.

4

Ако сакате, внесете име за елементот, па допрете ја опцијата OK.

Мени на апликација

Менито можете да го отворите во секое време додека користите некоја апликација. Менито ќе

изгледа различно во зависност од тоа која апликација ја користите.

Отворање на мени во апликација

Додека ја користите апликацијата, притиснете .

Менито не е достапно во сите апликации.

Преуредување на вашиот екран за апликации

Преместете ги апликациите низ екранот за апликации така како што ве претпочитате.

Подредување апликации на екранот со апликации

1

За да отворите менито на екранот со апликации, повлечете го левиот раб на екранот со

апликации во десно.

2

Одберете ја саканата опција под SHOW APPS.

Преместување апликација на екранот Апликации

1

Отворете го екранот со апликации у проверете дали сте одбрале Сопст. редослед под
SHOW APPS.

2

Држете ја допрена апликацијата, додека не се зголеми и уредот не почне да вибрира, па

повлечете ја на новата локација.

Деинсталирање апликација од екранот со апликации

1

За да го отворите менито на екранот со апликации, влечете го левиот раб од екранот со

апликации кон десно.

2

Допрете Деинсталирај. Сите апликации што може да се деинсталираат се означени со

.

3

Допрете ја апликацијата што сакате да ја деинсталирате, потоа допрете Деинсталирај.