Sony Xperia L - Меморија

background image

Меморија

Можете да зачувувате содржини во внатрешната меморија на уредот и на мемориската картичка.

Мемориска картичка

Вашиот уред поддржува microSD™ мемориска картичка, која се користи за чување содржини. Овој

тип на картичка може да се користи и како пренослива мемориска картичка со други компатибилни

уреди.

Можеби ќе треба посебно да купите мемориска картичка.

Безбедно отстранување на мемориската картичка

Можете безбедно да ја отстраните мемориската картичка од телефонот секогаш кога телефонот е

исклучен. Доколку сакате да ја отстраните мемориската картичка додека телефонот е вклучен,

мора прво да ја деактивирате, пред физички да ја отстраните од него. Оваа постапка може да го

спречи оштетувањето на мемориската картичка или губењето на податоците што се зачувани на

неа.

Демонтирање на мемориската картичка

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Зачувување > Отстрани ја SD-картичката.

Форматирање на мемориската картичка

Можете да ја форматирате мемориската картичка во вашиот уред, на пример, за да ослободите

меморија. Ова значи дека вие сте ги избришале сите податоци на картичката.

Сета содржина на мемориската картичка се брише кога вие ја форматирате. Проверете
дали сте направиле резервни копии на сè што сакате да зачувате пред да го
синхронизирате телефонот. За да ја зачувате вашата содржина, вие може да ја копирате
на вашиот компјутер. За повеќе информации, погледнете го поглавјето Поврзување на
уредот на компјутер
на страна 100.

32

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.