
Зголемување на излезот на звукот
Излезот на звукот којшто доаѓа од звучниците во вашиот уред можете да го зголемите разни
опции, како на пример со технологијата на Clear Phase™ и xLOUD™.
31
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

Користење на технологијата Clear Phase™
Користете ја технологијата Clear Phase™ од Sony за автоматско дотерување на квалитетот на
звукот од внатрешните звучници на уредот и добијте почист и поприроден звук.
Зголемување на квалитетот на звукот од звучникот со помош на Clear Phase™
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Звук.
3
Обележете го изборното поле Clear Phase™.
Активирањето на опцијата Clear Phase™нема влијание врз апликациите за гласовна
комуникација. На пример, нема промена во квалитетот на гласовен повик.
Користење на технологијата xLOUD™
Користете ја технологијата за филтрирање на звукот xLOUD™ од Sony за да ја зголемите јачината
на звукот од звучниците, без да го жртвувате квалитетот. Добијте подинамичен звук како што ги
слушате своите омилени песни.
Зголемување на јачината на звучниците со помош на xLOUD™
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Звук.
3
Обележете го изборното поле xLOUD™.
Активирањето на опцијата xLOUD™ нема влијание врз апликациите за гласовна
комуникација. На пример, нема промена во квалитетот на гласовен повик.