Плејлисти
На почетниот екран на WALKMAN може да креирате сопствени листи со песни од музиката
зачувана во уредот.
59
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Креирање свои листи со песни
1
Отворете го почетниот екран на WALKMAN.
2
За додавање изведувач, албум или песна во листата со песни, допрете го и држете го
името на изведувачот или насловот на албумот или песната.
3
Во менито што ќе се отвори, допрете Додај во > Креирај нова плејлиста.
4
Внесете име за листата со песни и допрете ОК.
Може и да допрете на албум артот, а потоа допрете за да креирате нова листа со
песни.
Додавање песни во листа со песни
1
Отворете го почетниот екран на WALKMAN.
2
Пребарувајте до песната или албумот што сакате да го додадете на листа со песни, потоа
допрете и задржете ја песната или насловот на албумот.
3
Допрете Додај во.
4
Допрете го името на листата со песни во која сакате да го додадете албумот или песната .
Албумот или песната се додадени во листата со песни.
Репродуцирање на своите листи со песни
1
Отворете го почетниот екран на WALKMAN, па допрете Листа со песни.
2
Во Листа со песни, допрете на листата со песни.
3
Допрете на песната за да се репродуцира.
Отстранување песна од листа со песни
1
Во листа на лесни, допрете го и држете го насловот на песната што сакате да ја
избришете.
2
Допрете го Избриши од лист. со песни од листата што се појавува.
Бришење листа со песни
1
Отворете го почетниот екран на WALKMAN, па допрете Листа со песни.
2
Допрете ја и држете ја листата со песни што сакате да ја избришете.
3
Допрете Избриши.
4
Допрете повторно Избриши за да потврдите.
Не може да ги бришете стандардните листи со песни.